Јирген Клоп вели
дека неговиот Ливерпул е подготвен да се бори на два фронта, како во
Премиерлигата, каде моментално е лидер на табелата, така и во Лигата на
шампионите, а таму за противник во осминафиналето го има Баерн Минхен.
Вечерва Ливерпул
гостува кај Вест Хем во Премиерлигата, а тоа за тимот на Клоп е еден од петте
натпревари за овој месец, Германецот уверува дека ќе се обиде да нападне со
сите сили подеднакво во обете натпреварувања.
„Ќе се обидеме да
нападнеме во двете натпреварувања, тоа е сигурно. Се обидовме во ланската
сезона, но, оваа година некои велат дека треба да се фокусираме само на
Премиерлигата, се уште сме во Лигата на шампионите и среќен сум поради тоа“
истакна Германецот.
„Слушам дека
некои луѓе велат дека веќе сме пласирани во следната фаза од Лигата на
шампионите, бидејќи ‘тоа било
само Баерн Минхен, ништо повеќе’, ќе одиме со сите сили за да успееме, тоа е нормално“ заклучи Клоп.