Триумфираше над Лестер, а веднаш потоа отиде на „мисија“ во Франција

by
1 минути читање

Оле Гунар
Солскјер има полни раце работа на кормилото на Манчестер јунајтед, кое го води
на одличен начин, ги освои симпатиите кај фановите на таа екипа, а има одлична
соработка со своите избраници во тимот.

Манчестер
јунајтед славеше минимално на гостувањето кај Лестер во редовното 25 коло од
Премиерлигата, со што сега има два бода негатива зад четвртопласираниот Челси,
а Солскјер веднаш по мечот со Лестер отпатува за Франција.

Норвежанецот беше
уловен од камерите на гледалиштето од арената на мечот помеѓу Лион и ПСЖ, меч
кој домаќините го добија со 2-1.

Инаку, ПСЖ е
противникот на Премиерлигашот во осминафиналето од Лигата на шампионите, првиот
меч се игра веќе идниот вторник, а Манчестер јунајтед во првата пресметка игра
пред своја публика, па веројатно Солскјер добро го „скенирал“ фаворитот во тој
двомеч кој ќе биде во голем хендикеп со неиграњето на првата ѕвезда во тимот,
Нејмар.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани