Со убедливата
победа од 3-0 над Алавес во 22 коло од Примера, Реал Мадрид веќе направи низа
од четири победи во најсилниот шпански фудбалски шампионат, а тренерот на
шпанскиот гигант, Сантијаго Солари уверува дека неговите избраници ќе се борат
до крај, по слабиот старт на сезоната, сега Реал Мадрид има негатива од осум
бода зад лидерот Барселона, односно само два зад Атлетико Мадрид.
„Ќе продолжиме да
се бориме за се’, ќе се
бориме до последниот меч од сезоната, сега можете да видите дека сме блиску зад
Атлетико, тоа веќе го постигнавме“ рече Солари по убедливата победа над Алавес.
„Реал нема да се
откаже, никогаш, покажавме глад, секогаш кога излегуваме на теренот, главна цел
ни е да победиме“ заклучи шефот на стручниот штаб на Кралевите.
Во следното коло,
во сабота се игра големото градско дерби каде Атлетико пред своја публика го
пречекува Реал.