Револтиран навивач на Челси му се „истури“ на Сари: Тоа беше одвратно (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Челси загуби
убедливо на гостувањето кај Борнмут со 4-0, а тимот на Маурицио Сари не
наликуваше на себе, домаќинот си поигра со гостинот како да играше против
аутсајдер, а тимот од Лондон влегува во проблеми во битката со Арсенал и
Манчестер јунајтед за место во топ четирите екипи на табелата во Премиерлигата
оваа сезона.

По мечот, Сари се
најде во една исклучително незгодна ситуација откако навивач на Челси не можеше
да се помири со тој висок пораз на својот омилен тим, па побара одговорност
токму од Италијанецот.

Ужасно,
ужасно…  Доколку не можете да ги
мотивирате, вие рековте дека можеби ги користите на погрешен начин. Тоа беше
одвратно, најлошите перформанси досега
“ му рече револтираниот навивач, а Сари
го смируваше.

Навистина ми е
жал за вас
“ му одговори Сари, по што доби веднаш одговор од навивачот, кој му
порача извинувањето да го упати до сите навивачи, по што италијанскиот
фудбалски стратег му рече дека има право.

class="twitter-tweet" data-conversation="none" data-lang="en">

pic.twitter.com/t15o8WQCIG

Челси шанса за поправен ќе има уште утре, откако на домашен терен во редовното 25 коло од Премиерлигата го пречекува Хадерсфилд.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×