Поранешниот
тренер на Јувентус и Челси, Антонио Конте вели дека нема коментар за прашањето
дали ќе го наследи Лучијано Спалети на клупата на Интер.
Конте, според
шпекулациите во Италија, се вели дека е во постојани преговори со Интер околу
преземање на кормилото на таа екипа, а воедно и повторно да соработува со Бепе
Марота, кој во моментов ја обавува функцијата на генерален менаџер во тимот од
Милано.
Утрово Конте беше
забележан во Милано од страна на новинар од Беин Спортс, а запрашан за можноста
да го преземе кормилото на Интер, одговори кратко: „Немам коментар“.
Конте воедно го
проследи високиот пораз од 3-0 на Јувентус во Копа Италија, откако Бјанконерите
беа немоќни во пресметката со Аталанта, а искусниот италијански фудбалски
стратег мечот го следеше од трибинскиот простор.