Батшуаји во последен час би можел во Тотнем

by
1 минути читање

Мичи Батшуаји
помина половина сезона во дресот на Валенсија, но, не покажа тоа што тимот од
Месталја го посакуваше од белгискиот напаѓач, барем не досега.

Скај Спортс
објави дека 25 годишниот Белгиец би можел да се врати во Премиерлигата, а како
опции за него се споменуваа Вест Хем и Евертон, а истиот медиум тврди дека
Тотнем исто така пријавил интерес за неговите услуги, Батшуаји би можел да
остане во Шпанија, се споменува и Бетис.

Тотнем очајно е
во потрага по напаѓач на трансфер пазарот и извесно е дека во последен час ќе
мора да ангажира засилување на таа позиција по повредата на Хари Кејн, па нема
да зачуди доколку во последните часа од денов Батшуаји се договори со тимот од
Лондон.

Батшуаји е под
договор со Челси кој важи до 2021. година, Валенсија на лето има опција да го
откупи неговиот договор, но извесно е дека до тоа нема да дојде, откако
напаѓачот на 15 натпревари во Примера успеа да постигне само еден гол.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани