Не е тајна тоа
дека Сари побарал од сите свои соработници во стручниот штаб да ја напуштат
соблекувалната по што имал разговор со своите фудбалери по „капитулацијата“
која ја доживеа во пресметката со Борнмут.
Челси доживеа
дебакл на гостувањето кај Борнмут, а избраниците на Маурицио Сари примија
четири гола во синоќешната пресметка на Виталити арената, сите четири гола ги
примија во второто полувреме.
Речиси еден час
траел разговорот кој шефот на стручниот штаб на Челси, Сари го имал со своите
фудбалери по мечот во соблекувалната, а дефанзивецот и капитен на тимот, Цесар Азпиликуета вели
дека тие разговарале како мажи.
„По мечот ние
разговаравме како мажи“ рече Шпанецот во изјавата за официјалниот клупски сајт
на Премиерлигашот од Лондон.
„Револтирани сме,
самите на себе, неприфатливо е клуб од калибарот на Челси да доживее ваков
пораз, мораме да пронајдеме решение за ова, да се прими четири гола е
неприфатливо, многу сме гневни на тоа, очекувавме поинаков резултат, клуб како
Челси да загуби со 4-0 е неприфатливо“ појасни Аспиликуета.
Челси шанса за поправен ќе има викендов кој претстои, откако на домашен терен во редовното 25 коло од Премиерлигата го пречекува Хадерсфилд.