Луд меч на Камп Ноу, Севиља промаши пенал па Барса казни и ги здроби со 6:1 (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Барселона поведе уште во 13. минута со гол на Кутињо од пенал, но по исто толку минути игра Севиља имаше можност да реализира на ист начин. Но Банега не реализираше од белата точка. Гостите од Андалузија имаа и статива. А откако не ги реализираа шансите, казната стигна.

Ракитиќ во 31. минута ја зголеми предноста на Барселона на 2-0 со што беше изедначен резултатот од првиот натпревар.

На почетокот од второто полувреме Кутињо и Серхи Роберто погодија за убедливо водство од 4-0 на Барселона, но Арана со погодок во 67. минута ја врати Севиља во игра намалувајќи на 4-1.

Сите дилеми околу победникот беа решени во финишот, најпрво Суарез погоди за 5-1 во 89. минута, а Меси во судиското продолжение ги постави конечните 6-1.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани