Ливерпул пропушти
да му избега седум бода на Манчестер Сити, избраниците на Јирген Клоп вечерва
за прв пат не освоија цел плен против екипа надвор од големата шесторка.
„Црвените“ добро
го започнаа мечот и поведоа веќе во 3. минута со голот на Мане. Но во
последните мигови од првиот дел, Мегвајер беше оставен сам во петерецот и
дефанзивецот погоди за 1-1.
Останува да се
види во продолжението од сезоната дали ова е бод плус во трката за титулата или
загубени два.
Лидерот на
табелата можеби не беше убедлив вечерва но и неколку одлуки на судијата не беа
во корист на Ливерпул. Мегвајер можеше да добие црвен за старт врз Мане но
помина само со жолт, а Еткинсон имаше уште една спорна одлука кога реши да не
досуди ништо за стартот врз Кеита.