Две перничиња од
седишта за кои се верува дека се од авионот со кој патуваше фудбалерот на
Кардиф, Емилијано Сала се пронајдени, ова попладнево го соопшти Одделението за истрага
на авионски несреќи на Велика Британија.
Тие открија дека
добиле известување од нивните колеги од Франција дека во понеделникот наутро било
пронајдено перниче од седиште на плажа во близина на Суранвил, брегот на
Нормандија, односно 20 милји источно од местото каде што авионот за последен
пат имал контакт со радарските служби на Олдерни.
Подоцна во
понеделникот било пронајдено и второ перниче од седиште на истата локација. По
првичните испитувања е донесен заклучок дека овие остатоци најверојатно се од
исчезнатиот авион.
Британските
власти веќе идентификувале приоритетна област за пребарување од околу четири
наутички милји каде се верува дека можат да бидат остатоците од авионот и
издале барање до Министерството за одбрана да се започне операција со
подморница. Но поради лошите услови операцијата нема да стартува веднаш и
најверојатно ќе започне на крајот од неделата.