Едуардо Инда,
соработник во шоуто „Ел Чинкито“, објави дека шестмина фудбалери на Реал Мадрид
се на списокот на тој клуб како потенцијални заминувања за летниот преоден рок,
а дел од нив одиграа значајна улога во успесите на шпанскиот гигант изминатите
неколку години.
Новинарот објасни
дека листата која се „кроела“ во канцелариите на клубот е составена од Лукас
Васкез, Марсело, Кејлор Навас, Иско, Дани Себалјос и Хесус Валјехо.
Од сите горе
споменати фудбалери, се издвојуваат Навас, Марсело и Иско, триото одигра
значајна улога во трите титули на Реал Мадрид во Лигата на шампионите под
водство на Зинедин Зидан во низа.
Како и да е, Иско
е подвлечен како фудбалер кој има несогласувања со новиот тренер Сантијаго
Солари, а исто како и шпанскиот репрезентативец, Јувентус освен за него,
пријавува интерес и за Марсело, се споменува и ПСЖ, а опција за обајцата е
воедно и Премиерлигата.