Унаи Емери побара
од лидерите на Арсенал овој месец да му го донесат Денис Суарез, „топчиите“ започнаа преговори со Барселона, но минатата недела пристигнаа информации дека
двата клуба не можеле да пронајдат заеднички јазик.
Арсенал
инсистирал играчот да дојде на позајмица со опција за перманентен трансфер,
додека пак Барса барала „топчиите“ уште сега да се обврзат дека во целост ќе го
откупат Шпанецот.
И кога се чинеше
дека трансферот ќе пропадне, денеска медиумите пренесоа дека сепак е најдено
решение со кои сите страни ќе бидат задоволни.
Денис Суарез ќе
стави потпис на нов договор со Барса до 2021 со што „каталонците“ ќе се
осигураат дека следното лето нема да бидат ставено во тесно и ќе ја заштитат
пазарната вредност на играчот.
Па сега Барселона и
Арсенал ги пеглаат деталите од договорот за кој се верува дека ќе биде
позајмица до крајот на сезоната вредна околу 2,5 милиони евра, а клубот од
Северен Лондон ќе добие можност летоска за додатни 20 до 25 милиони евра и во
иднина да го задржи Шпанецот на Емирати.