Иако е логично целта на Интер да биде место во Лигата на шампионите за оваа сезона, раководството оди чекор повеќе и бара трофеј од Лучијано Спалети.
„Газета дело Спорт“ пишува дека бордот на Интер му дал ултиматум на Спалети, треба да освои трофеј оваа сезона доколку сака да си ја сочува работата.
Се верува дека клубот му го бара трофејот од Купот на Италија, но дали е тоа вистинската желба на клубот или изговор како полесно да го сменат Спалети кој солидно го води Интер.
Нероазурите во моментов се на третата позиција на табелата и имаат шест повеќе од Рома која е на петтото.
Интер не е ниту Барса, ниту Реал Мадрид, а во моментов нема тим кој би бил конкурентен за редовно освојување на трофеите, па се чини дека ваков ултиматум е преголемо барање од Спалети и веројатно само изговор за тој да биде сменет.
Се шпекулира дека Антонио Конте треба да биде новиот тренер на Интер, но и Жозе Мурињо е кандидат за враќање на Џузепе Меаца.