Луис Енрике за Иско: Потребна му е минутажа

by
1 минути читање

Селекторот на
Шпанија, Луис Енрике признава дека плејмејкерот на Реал Мадрид, Иско, потребна
му е поголема минутажа за да биде селектиран во националниот тим.

26 годишниот Иско
стартуваше само на еден меч во Примера, односно Лигата на шампионите под
кормилото на новиот шеф на стручниот штаб на Кралевите, Сантијаго Солари, а
воедно добива поголема прилика за докажување единствено во Купот.

Со оглед на
моменталната ситуација, навистина не знам
рече Енрике одговарајќи во интервјуто за
Мувистар, запрашан за тоа дали ќе го повика Иско во составот на Шпанија.

Ги третираме
сите фудбалери посебно со оглед на нивните индивидуални случаи, преостануваат
уште два месеци за да селектираме повторно, природно е да се насочам кон
фудбалерите кои играат повеќе
“ посочи Енрике.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани