Жозе Мурињо го
пикираше Ромелу Лукаку како големо засилување за Манчестер јунајтед, во
периодот кога ја предводеше таа екипа од клупата, меѓутоа, портуалскиот стратег
доби отказ од клубот по очајните изданија, а Лукаку не ги крие симпатиите кон
Португалецот.
Белгиецот вели
дека не би сакал да го споредува Мурињо со новиот тренер во тимот од Олд
Трафорд, а воедно и легенда на тој клуб, Оле Гунар Солскјер, притоа додава дека
има голема почит кон Мурињо.
„Не би сакал да
ги споредувам двајцата тренери“ порача напаѓачот на Манчестер јунајтед.
„Јас верувам дека
Мурињо направи многу за овој клуб, генерално, тој како тренер има освоено многу
трофеи, имам голема почит кон него, тој е тренерот кој ме ангажираше за овој
клуб“ потенцираше Белгиецот.