Рома водеше со 3-0 и не победи! (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Многу ретко се случува некој да води со три гола разлика и на крајот да не победи, таков непријатен ден имаше Рома.

Со два гола на Џеко и еден на Ел Шарави, римјаните имаа водство од 3-0 на гостувањето кај Аталанта до 40. минута од натпреварот.

Во финишот од првиот дел Кастање намали на 3-1, а второто полувреме Толои и Запата постигнаа голови за конечни 3-3.

Ефикасно беше и на останатите денешни натпревари во Серија А, Фиорентина со 4-3 победи на гостувањето кај Киево, Фросиноне со 4-0 славеше во Болоња, а СПАЛ со 3-2 ја победи Парма на нејзин терен.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани