Потрагата по Сала продолжува, собрани 300.000 евра

by
1 минути читање

Аргентинецот
исчезна над Ла Манш во понеделникот вечерта и откако властите три дена трагаа
по него, во четвртокот соопштија дека ја прекинуваат акцијата.

Па на интернет
страната Гоуфандми (
GoFundMe) започна петиција за собирање на средства со кои ќе се финансира приватна
потрага по Емилијано Сала. Границата најпрво беше поставена на 150.000 а
потоа поместена на 300.000 евра.

Голем број на
фудбалери се приклучија во кампањата, Килијан Мбапе утрово донирал 30.000 евра,
откако синоќа неговиот соиграч од ПСЖ, Адриен Рабио донирал 25.000 евра.

Претходно свој
допринос дадоа и Димитри Паје (10.000 евра), Лукас Окампос (5.000 евра), Илкај
Гундоган, Лорен Косјелни и Жофри Кондогбија (по 2.000 еввра), Корентин Толисо,
Калиду Кулибали и Рајан Бертран (1.000 евра) и уште многу други па целта брзо е
остварена.

Како што пишуваат
медиумите, новата потрагата по Емилијано Сала и пилотот Дејвид Иботсон веќе
започала и синоќа од брегот на Англија испловиле два брда.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани