„Ил Темпо“ објави
листа на фудбалери за кои вели дека била составена од спортскиот директор на
Јувентус.
Фабио Паратичи во
петокот имал ручек во еден ресторан во Милано, а на масата оставил хартија која
ја искинал на парчиња. Некој го препознал директорот на „бјанконерите“ па ги
собрал парчињата хартија, ги сосавил и ги испратил до весникот од Рим.
На листата со
желби се имињата на Никола Заниоло од Рома (кој е проценет од Паритичи на 40
милиони евра), Федерико Киеза од Фиорентина (50 милиони евра), Кристијан Ромеро
од Џенова (20 милиони евра) и Сандро Тонали од Бреша (20 милиони евра).
На радарот на
Фабио Паратичи има и неколку млади перспективни играчи како Мерих Демирал од
Аланијаспор (7 милиони евра), Матија Зенаро од Венеција (3 милиони евра), Доминик
Собосла од РБ Салцбург (10 милиони евра).
На листот исто
така го има името и на Сергеј Милинковиќ Савиќ, кое е пишано под она на
Миралем Пјаниќ, па многумина мислат дека ова е знак дека Србинот ќе пристигне
во Торино само доколку Босанецот биде продаден.
Zaniolo e Milinkovic È saccheggio Juve! https://t.co/fIlVUI2QOe #zaniolo #milinkovic #Juventus #paratici #Roma #Lazio #mercato #iltempoquotidiano @aleaus81 pic.twitter.com/8XotrWR9WT
— IL TEMPO (@tempoweb) January 27, 2019