Солскjер од трибините гледаше како Манчестер Сити го „растури“ Барнли и му даде ПЕТ гола (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Нема опуштиње за избраниците на Пеп Гвардиола, и покрај тоа што имаат згуснат распоред поради битката за четири титули, Манчестер Сити излезе со силен состав против Барнли во ФА Купот и го „растури“ противникот со 5-0.

Резултатот го отвори Жесус по една одлична соло акција во 23. минута од мечот. Гостите можеа да изедначат на стартот од вториот дел откако Отаменди погреши, но Видра го погоди само надворешниот дел од мрежата.

За ваквото промашување казни Бернардо Силва во 52. минута, а десетина минути подоцна Де Брујне погоди од далечина за 3-0. Лонг во 73. минута од мечот си постигна автогол, а конечниот резултат беше дело на Кун Агуеро од пенал во 85. минута. 

На трибините на Етихад за овој меч беше и Оле Гунар Солскјер, тренерот на Манчестер јунајтед веројатно сакаше да дознае нешто повеќе за Барнли, со кого „ѓаволите“ се среќаваат во вторник во Премиерлигата.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани