Слично како и при трагедијата на Чапекоенсе, лажни вести и за Сала, Канте сепак не се понудил да ја финансира потрагата

by
2 минути читање

Фудбалскиот свет
оваа недела беше потресен од нова трагедија, новото засилување на
Кардиф, Емилијано Сала изчезна над Ла Манш во понеделникот вечерта.

Англиските и
Француските власи три дена трагаа по авионот, но откако обидите беа неуспешни,
во четвртокот пристигна соопштение дека потрагата ќе биде прекината.

Па семејството на
играчот испрати молба до властите да не се откажуваат, а на апелите се
придружија и еден куп фудбалски имиња. Беше започната и кампања за собирање на
средства за приватна потрага.

Но слично како и
при трагедијата на Чапекоенсе, се појавуваат лажни вести. Кога се урна авионот
на клубот од Бразил, имаше информации дека многу клубови ќе донираат пари, а во
незгодна ситуација беше ставен ПСЖ, откако се појавија стории дека „светците“
ќе одвојат дури 40 милиони евра, нешто што клубот од Париз мораше да го негира.

Сега во слична
ситуација е ставен и Нголо Канте, кој важи за еден од најомилените ликови во
светот на фудбалот. Еден корисник на Твитер објави дека Французинот, кој има
играно покрај Емилијано Сала шест месеци во дресот на Каен, се понудил сам да
ја финансира потрагата.

Постот кој го
имаше посочен весникот Тајмс како извор, собра многу лајкови и шерувања,
фановите почнаа уште толку да го величат фудбалерот на Челси, но проблем е тоа
што веста е лажна. Тајмс преку својот Твитер провил се огласи и појасни дека
никогаш не пренел ваква сторија.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани