87
Дејвид Иботсон бил приватен пилот, а немал лиценца за комерцијални летови, откриваат англиските медиуми.
На социјалните мрежи тој ја промовирал и својата работа како водоводџија и како ДиЏеј во ноќен клуб.
Со авион најчесто летал за спуштање на падобранци, но ја немал потребната дозвола за летови како тој со Емилијано Сала.
Неговите пријатели не ја сфаќале сериозно неговата работа со авиони, според нив тој бил подобар водоводџија отколку пилот.
Пилотот Дејв Иботсон и фудбалерот Емилијано Сала исчезнаа над Ла Манш. Потрагата по нив заврши неуспешно. Семејството, фановите на Нант и многу фудбалери бараат потрагата да продолжи во надеж за среќни вести, иако е јасно дека шансата за тоа е ексремно мала.