637
Полицијата три дена го бараше урнатиот авион во кои беа фудбалерот Емилијано Сала и пилотот, но безуспешно. Тие денеска објавија крај на потрагата со образложение дека направиле се што можеле, а шансите за преживување во оваа фаза се екстремно мали.
Одлуката на полицијата силно го погоди семејството кое моли потрагата да продолжи.
„Убедена сум дека Емилијано е жив, го чувствувам тоа! Ве молам, не ја прекинувајте потрагата по него. Ние ги разбираме напоритешто се прават, но ве молиме продолжете да го барате. За нас, тие се уште се живи. Тешко ни е да изразиме како се чувствуваме, бидејќи за нас ова е премногу тешко“, изјави сестрата на Рмилијано, Ромина Сала.