Вест Хем е
сериозно заинтересиран во своите редови да го доведе напаѓачот од Торино,
Андреа Белоти, но, Премиерлигашот ќе мора да издвои најмалку 45 милиони евра за
да го реализира овој посакуван трансфер.
Тутоспорт пишува
дека тимот од Лондон го своето внимание го насочил кон 25 годишниот италијански
репрезентативец откако пропаднаа обидите за да дојде до потписот на напаѓачот
на Аталанта, Дуван Запата.
Весникот додава
дека додека Торино се уште нема добиено официјална понуда за Белоти од Вест
Хем, Премиерлигашот тоа ќе го стори во претстојните денови.
Вест Хем е во
потрага по нов напаѓач откако сосема јасно и извесно е дека желбата на Марко
Арнаутовиќ да се пресели во Кина ќе биде остварена, иако клубот категорично ја
одби богатата понуда од Далечниот Исток за искусниот Австриец.