Случај Сала: Забележани се траги на димни сигнали од ракети? (ФОТО)

by
2 минути читање

Веќе четврти ден трае потрагата по исчезнатиот авион од
Атлантскиот океан помеѓу Франција и Велика Бринатија, во кој се превезуваше 28
годишниот Емилијано Сала, Аргентинецот кој за 18 милиони евра потпиша за
Кардиф, Премиерлигашот го урна клупскиот рекорд, а авионот со еден мотор
исчезна од радарот, откако фудбалерот се врати во Нант да се поздрави со своите
соиграчи, а од него исчезна секаква трага на враќањето до Островот.

Од досегашната истрага на полицијата, пронајдени се објекти
кои пловад во водите, но, немаше потврда дека станува збор за предмети од
бараниот авион, а на социјалните мрежи се објавени фотографии од забележани
димни ракети, во близина на местото на кое истражителите веруваат дека авионот
имал пад.

Неколку жители на Каналските острови пријавија чудни појави
на небото, а многумина веруваат дека тоа се димни сигнали, поточно, се работи за
фотографии од островот Бурхоу, тамошните жители веднаш ја известиле полицијата
во Гирнси, која ја предводи операцијата за пронаоѓање на авионот и нејзиниот
екипаж, но, од таму, добиле одговор дека местото е недостапно по тешките
временски услови, а воедно се работи и за природно заштитено подрачје, но,
полицијата најави и истрага на тоа место.

Овој мал остров е дел од англискиот канал, дел од повеќето
каналски острови, на само 2,5 километри оддалеченост од поголемиот остров на
кое се наоѓа местото Алдернеј, место кое во 2013. година е пријавена популација
од 1,903 жители.

Полицијата излезе со четири можни сценарија од овој случај
кој го потресе целиот фудбалски свет, а приоритет во истрагата е ставен на третиот:

1. Слетале на друго место и се уште не оствариле контакт
2. Слетале на вода, биле собрани од брод кој поминал крај нив и се уште не
оставиле контакт
3. Слетале на вода и се префрлиле во чамец за спасување за кој знаеме дека бил
во авионот
4. Авионот се распарчил при контактот со водата, па тие завршиле во морето.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани