Дежа ву за ПСЖ, Нејмар лошо го извитка зглобот и во солзи го напушти теренот (ВИДЕО)

by
1 минути читање

„Светците“
изминатиов викенд загубија важен играч од средниот ред откако Марко Верати се
повреди и е под голем знак прашалник за пресметката со Манчестер  јунајтед, а денеска се вклучи нов аларм.

Во меч од Купот
на Франција, Нејмар заработи незогдна повреда, лошо го извитка скочниот зглоб
откако стапалото му заглави во бусенот и со солзи во очите го напушти теренот.

Тој веднаш е
пренесен во болница и ПСЖ со нетрпение ќе ги чека резултатите од деталните
тестови кои ќе треба да покажат каква ќе биде неговата инволвираност на
двомечот со „ѓаволите“

Бразилецот
минатата сезона се повреди во пресрет на реваншот со Реал Мадрид во
осминафиналето од Лигата на шампионите и не можеше да им помогне на „светците“.
Тогаш тој заработи фрактура на петата метатарзална коска на стапалото, па
мораше на операција и паузираш со месеци.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×