Официјално: Барса го потврди трансферот на Де Јонг и ги откри деталите од зделката

by
1 минути читање

Шампионот на Шпанија официјално потврди дека си подал рака со Ајакс за трансфер на Френки де Јонг, кој ќе се пресели на Камп Ноу на 1. јули 2019.

Барселона откри дека за фудбалерот од средниот ред ќе плати 75 милиони евра, плус додатни 11 милиони во бонуси. Играчот ќе стави потпис на пет годишен договор и ќе се обврзе до 30. јуни 2024.

„Каталонците“ направија напори да го купат Френки де Јонг уште во јуни минатата година, но тогаш добија негативен одговор. ПСЖ се обиде да им ги помати сметките и минатата недела се говореше дека „светците“ се пред потпис со играчот.

Сепак, Барса не се предаде, и испрати највисока делегација во Амстердам. Претседателот Жозеп Мариа Бартомеу и генералниот извршен директор Оскар Грау лично беа инволвирани во затварањето на зделката.

Со вакви бројки, Френки де Јонг е најскапо платениот играч од првенството на Холандија, но титулата најскап Холанѓанец ќе ја задржи Вирџил ван Дајк кој во јануари 2018 беше продаден за 75 милиони фунти, или нешто над 86 милиони евра. 

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани