Манчестер
јунајтед го одби интересот од Арсенал за централниот дефанзивец Ерик Баји,
тимот од Лондон го посакуваше дефанзивецот на позајмица до крајот на акгуелната
сезона, со опција целосно да го откупи неговиот договор.
Дејли Мејл пишува
дека Црвените ѓаволи не сакаат да се откажат од услугите на 24 годишниот Баји,
а воедно немаат намера да засилуваат ривал во Премиерлигата со кого сигурно ќе
водат битка до крајот на сезоната за место во топ четирите екипи од табелата.
Баји беше доведен
на Олд Трафорд од поранешниот тренер на таа екипа, Жозе Мурињо, за 30 милиони
фунти во летото 2016. година, има преостанато уште 18 месеци во неговиот
актуелен договор со Премиерлигашот, но, во моментов не е во преден план кај
новиот тренер Оле Гунар Солскјер.