28 годишниот
Аргентинецот во понеделникот вечерта требаше да пристигне во Кардиф за да
започне нова авантура, откако беше купен за рекордни 18 милиони евра.
Но авионот со кој
патувал кон Кардиф изгуби контакт во близината на Олдерни, еден од островите во
Ла Манш.
Полицијата вчера
цел ден трагаше по урнатиот авион, најдоа објекти кои пловат во водите, но не
можеа да потврдат дали тие припаѓаат на авионот и откако ја суспендираа потрагата
кога се стемни, порачаа дека шансите се многу мали за патниците да преживеале.
Потрагата
продолжи утрово, а сега полицијата излезе со четири сценарија за исчезнатиот
авион. Тие се надеваат дека авионот слетал во вода, Емилијано Сала е во чамец
за спасување и се фокусираат на оваа теорија.
„Трагаме на основа на четири можности:
1. Слетале на друго место и се уште не оствариле контакт
2. Слетале на вода, биле собрани од брод кој поминал крај нив и се уште не оставиле контакт
3. Слетале на вода и се префрлиле во чамец за спасување за кој знаеме дека бил во авионот
4. Авионот се распарчил при контактот со водата, па тие завршиле во морето.
Нашата потрага приоритет дава на теоријата дека фудбалерот и пилотот се во чамец за спасување“ – гласеше пораката на Твитер.