Веста за
исчезнувањето на авионот со кој се превезуваше најскапото засилување на Кардиф
во неговата клупска историја, напаѓачот Емилијано Сала, е и натаму вест број
еден во фудбалскиот свет, се уште се чека на детални информации за тоа дали има
преживеани во истиот кој исчезна од радарот.
Поранешната
девојка на аргентинскиот напаѓач, Беренис Шкар упати порака на социјалните
мрежи, со која повика да се истражи ‘фудбалската мафија’, како
што таа вели, додавајќи дека не верува дека сево ова е несреќа.
„Истражете ја
фудбалската мафија, јас не верувам дека ова беше несреќа“ порача таа.
„Би сакала да се
разбудам и да сфатам дека ова не е вистина. Ве молам, истражете што му се случи
на Емилијано Сала, не верувам дека тоа било несреќа и дека ја прекинале
потрагата поради лошо време. Не можам да поверувам дека потрагата ја одложиле
за следниот ден, изгубија драгоцено време, наместо да го бараат, се чувствувам
беспомошно, ова е кошмар, скршена сум, чувствувам болка, страв, бес, немоќна
сум бидејќи не можам да сторам ништо. Еми, биди силен како и секогаш, ти си
борец, те чекаме“ напиша таа на Инстаграм, каде објави неколку заеднички
фотографии со Сала.
Емилијано Сала за
17 милиони евра потпиша за Кардиф, а потоа се врати во Нант да се поздрави со
своите поранешни соиграчи, но, на враќање кон Островот, со приватен авион со
еден мотор, летал над океанот при едно тешко невреме, за што излегоа пораки од
него во јавноста во кои извесно е дека бил загрижен за тоа.
Поради лошото
време за момент беше прекината потрагата, истата продолжи од утрово, два
хеликоптера, два авиона и брод учествуваат во потрагата по исчезнатиот авион.
Во денешната
претрага по водите на Атлантскиот океан, пронајдени се предмети за кои се смета
дека се дел од авионот, но, засега нема ништо подетално од тоа.