Напаѓачот на
Челси, Алваро Мората ќе му се приклучи на Атлетико Мадрид на позајмица во
следните 18 месеци, а шпанскиот прволигаш ќе треба да издвои 7,5 милиони евра,
според информациите кои ги објави Кадења Сер.
Мората се
приклучи во Челси каде дојде од редовите на Реал Мадрид за 65 милиони евра
минатото лето, но, Шпанецот целосно потфрли и постојано се шпекулираше дека е
прашање на време кога Премиерлигашот ќе се ослободи од него.
Кадења Сер пишува
дека Атлетико Мадрид ќе има опција во договорот за позајмица на фудбалерот, за
целосно да го откупи и тоа за 40-45 милиони евра во 2020. година.
Истиот медиум
пред само два дена наведе дека Мората ги договорил личните услови со Атлетико
Мадрид, се чека само на официјализација на неговата преселба во Мадрид.