339
По синоќешниот меч за Јувентус, Роналдо веднаш одлета во Шпанија каде утринава се појави во шпанскиот суд кој требаше да му ја изрече казната за затајување на данок.
Откако се изјасни за виновен, Роналдо очекувано доби казна под две години затвор, но ќе треба да плати и речиси 19 милиони евра.
Фудбалската ѕвезда сепак нема да заврши зад решетки бидејќи според шпанските закони ако е осуден на казна затвор помала од две години и таа е од ненасилна природа и ако му е прва, нема да лежи во затвор.
Токму затоа е вообичаено фудбалските ѕвезди во Шпанија да ги осудуваат на казна затвор помала од две години. Претходно таков беше случајот и со Лионел Меси.
×