Според
информациите кои ги објави АС, се вели дека Интер сака да го врати назад Шиме
Врсаљко во Атлетико Мадрид во летниот преоден рок, а италијанскиот прволигаш
нема намера да го откупи договорот на Хрватот.
27 годишниот
десен бек во редовите на Нероаѕурите настапува како позајмен од шпанскиот
прволигаш, а Интер има опција на лето целосно да го откупи неговиот договор за
17,5 милиони евра, но, се шпекулира дека таа опција нема намера да ја
искористи.
АС додава дека во
Интер сметаат дека сумата е висока, а ќе отворат нови преговори со Атлетико
Мадрид, за да утврдат дали е можно да го добијат Хрватот за пониска сума од
претходно договорената.
Интер издвои 6,5
милиони евра за да го позајми Врсаљко минатото лето, но, повредите со кои се
соочи тој, му дадоа можност да забележи настап на само 13 натпревари оваа
сезона.