Португалецот
вчера одново беше гостин во студиото на беИН Спорт како стручен коментатор и го
анализираше дуелот помеѓу Арсенал и Челси. Тој оваа прилика ја искористи за да
ја потврди фамозната финта од 2005 со која ја измами европската куќа на
фудбалот и суспензијата од два меча.
Во 2005, во
пресрет на дуелот помеѓу Челси и Баерн Минхен во Лигата на шампионите,
„специјалниот“ одработуваше казна поради критика на адреса на УЕФА. Жозе Мурињо
не беше на клупата, ниту пак смееше да се појави во соблекувалната, но и покрај
тоа тој сакал да им одржи говор на своите играчи пред почетокот од мечот.
Па смислил лукав
план, и влегол во соблекувалната уште напладне и со часови чекал да пристигне
неговиот тим. Откако завршил со говорот, бил изнесен надвор во количка за
валкани алишта.
„Влегов во соблекувалната
уште на пладне, седев со часови, сакав само да бидам во соблекувалната кога
играчите ќе пристигнат“ – вели „специјалниот“.
„Никој не ме виде
кога влегов, но проблем беше како да излезам потоа. Нашиот економ ме стави во
количка за валкани алишта. Таа беше малку отворена па можев да дишам“.
„Но кога
излеговме од соблекувалната, момците од УЕФА ме бараа, не следеа и очајно
посакуваа да ме фатат. Па економот ја затвори количката и јас не можев да дишам!
Кога ја отвори повторно, јас умирав! Сериозен сум! Бев клаустрофобичен, едвај
дишев! Ви ја кажувам вистината!“
Медиумите во 2007
пишуваа за овој потег на Жозе Мурињо а тогаш Челси категорично негираше и
обвинуваше дека весниците само сакаат да им наштетат и да им ги пореметат
подготовките за мечот против Ливерпул во полуфиналето од Лигата на шампионите.