Одбиен приговорот на Леванте, Барса во четвртфинале но „жабите“ подготвуваат нова жалба

by
1 минути читање

„Каталонците“ ќе
се појават во ждребката за Купот на Шпанија која почнува во 17 часот. Приговорот
на Леванте дека составот со кој Барселона настапи на првиот меч од осминафиналето бил нелегален е одбиен.

Фудбалската
федерација на Шпанија доцна попладнево соопшти дека е донесена одлука приговорот
да не се прифати бидејќи е поднесен откако истекол рокот за приговори (48 часа по крајот на натпреварот).

Од таборот на
Леванте уште претходно најавија дека ќе достават нова жалба доколку одговорот
биде негативен, па за целосна разврска на случајот ќе се почека уште неколку
дена.


Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани