Барса лесно го совлада Леванте, но ќе има трето полувреме по жалбата на „жабите“ (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Последниот патник
во следната рунда од Купот на Шпанија нема да биде познат барем уште неколку
дена и покрај тоа што Барселона вечерва лесно со 3-0 го совлада Леванте на
нашиот Енис Барди.

Гостите
капитулираа два пати за две минути во првиот дел и му овозможија на Дембеле да
постигна два гола. Лео Меси на стартот од второто полувреме погоди за сигурна
победа.

Сепак, овој меч
ќе има и трето полувреме откако медиумите непосредно пред денешната пресметка
обелоденија за пропуст на „каталонците“ на првиот меч по што Леванте експресно
достави жалба.

Имено, младиот
дефанзивец Чуми требал да одработи суспензија поради картони во дресот на
Барселона Б, но и покрај тоа се најде во старниот состав на Валверде. Леванте
верува дека правилата се прекршени па бараат санкција за Барса.

Пред неколку
години, Реал беше исфрлен од Копа дел Реј за сличен пропуст. Исто така ќе биде
прилично интересно доколку Леванте го добие првиот меч со службени 3-0 зошто и
оваа казна е во игра, и тогаш вкупниот резултат ќе биде 3-3.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани