Велшанецот од
редовите на Арсенал, Арон Ремзи веќе ставил потпис на долго најавуваниот
договор со Јувентус, валиден од 1 јули, ова доаѓа по информациите кои ги објави
Скај Спорт Италија.
Неговиот договор
со Топчиите истекува на лето на крајот од актуелната сезона, по што треба да биде слободен играч на трансфер пазарот, а токму од тие причини Велшанецот
уште во овој јануарски преоден рок има можност да преговара со
заинтересираните екипи за неговите услуги.
Според
информациите, Ремзи лекарските прегледи ги минал во Шпанија, наместо во Лондон,
а веќе и ставил потпис на договорот со италијанскиот првак.
Јувентус не
пријави желба да го ангажира Велшанецот шест месеци порано, за што требаше да
потроши 20 милиони евра, па тој остатокот од сезоната ќе го мине во Арсенал.
ПСЖ исто така се
обидуваше да го убеди Ремзи да потпише за нив, меѓутоа тој на крајот се одлучи
за преселба во Торино.