Игуаин до новинарите: Доколку барате проблем со мене…

by
1 минути читање

Скај Спортс
пренесе дека Челси го финализирал договорот со Јувентус за позајмица на
аргентинскиот напаѓач до крајот на сезоната, а Премиерлигашот има можност
целосно да го откупи неговиот договор за уште една дополнителна сезона.

Иако беше под
знак прашалник за настап, Игуаин сепак имаше настап на вчерашниот Суперкуп на
Италија кој се одигра во Џеда, Саудиска Арабија, а се наведуваше дека
Аргентинецот има настинка, сепак, ги одигра завршница 19 минути од средбата на
која Јувентус со голот на Роналдо обезбеди минимална победа од 1-0.

Утринава, на
враќањето од Џеда, новинарите имаа едно доста интересно прашање до
Аргентинецот, кој имаше што да им возврати на истото.

Дали си среќен
со тоа што повторно ќе соработуваш со Сари, овој пат во Челси?
“ беше запрашан
Аргентинецот.

Доколку барате
проблем со мене, никогаш нема да го добиете
“ одговори Игуаин, а новинарите
алудираа на неговата одлична соработка со тренерот на Челси, Маурицио Сари, со
кого соработуваа во Наполи.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×