Хари Кејн се
здоби со повреда, а првиот напаѓач на Тотнем ќе отсуствува од терените цели
два месеци, дури во март би можел да се врати, а тоа е голем период за клуб кој
речиси и да нема друго решение во најударната линија од офанзивниот ред.
Според пишувањата
на Мирор, Тотнем влегува во трката за напаѓачот на Борнмут, Калум Вилсон,
сево ова доаѓа по резултатите од прегледите за повредата на Кејн, а со Сон на
Азискиот Куп, како и Љоренте кој секако е далеку од тоа што му е потребно на
Маурисио Покетино, Тотнем влегува во битката со Челси и Вест Хем за Вилсон.
Челси подолг
период го „мерка“ напаѓачот, а Вест Хем го посочи него како потенцијална замена
за Марко Арнаутовиќ, чиј статус во клубот се уште не е познат, за него постои
понуда од Кина, Австриецот посакува да замине, но, клубот во првичната реакција
одлучи да го задржи во своите редови, но, извесно е дека на крајот ќе попушти.
Оваа сезона
Вилсон заработи прв повик од најдобрата селекција на Англија, а во 20 настапи
во Премиерлигата успеа да постигне девет погодоци, а воедно и да реализира пет
асистенции.