Плејмејкерот на
Тотенхем, Кристијан Ериксен наводно веќе донел одлука околу неговата иднина, а
се шпекулира дека Данецот дефинитивно посакува да си замине од Лондон, а негов
прв избор за трансфер е Реал Мадрид.
Иако Ериксен е на
листата на желби и на лутиот ривал на Кралевите, Барселона, сепак, тој го
избрал Реал Мадрид, а плејмејкерот е во последните 18 месеци од договорот со
Премиерлигашот, договор кој се чини дека нема да биде продолжен во периодот кој
претстои.
Познато е дека
Тотенхем правеше максимални напори за да овозможи подобри услови за својот
фудбалер, за тој да стави потпис на нов, долгогодишен договор, но, извесно е
дека 26 годишниот фудбалер ќе си замине, а Тотенхем е во крајно непријатна
ситуација во која ќе мора навреме да го продаде за да извлече максимум од
неговата цена.