Атлетико Мадрид добива голем „дуел“ со Севиља

by
1 минути читање

Атлетико Мадрид
се споменува како екипа која е веројатно прва опција на напаѓачот Алваро Мората
овој месец, пишува Диарио АС, но, во преговорите се шпекулира дека постојат
неколку компликации, додека пак, Севиља извесно е дека ќе се повлече од трката
за потписот на Мората.

Дека Севиља нема
можност да успее во преговорите за Мората, потврди и спортскиот директор на
клубот, Хоакин Капарос, кој истакна дека напаѓачот немал ништо против да се
приклучи на таа екипа, но, клубот направил поинаква проценка.

Мората сакаше да
дојде тука, но, кога преговорите преминаа на финансиските услови ние воочивме
дека ова е нешто невозможно за нас
“ посочи Капарос, алудирајќи веројатно на
високите барања на напаѓачот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани