Дефанзивецот на
Атлетико Мадрид, Диего Годин ги договорил личните услови во преговорите со
Интер, а во летниот преоден рок ќе се пресели во Милано како слободен играч на
трансфер пазарот, пишува Кадења Сер.
Скај Спорт
Италија претходно навести дека Интер е близу до договор со Годин, чиј договор
со шпанскиот прволигаш истекува токму на лето, а Уругваецот во јуни ќе ја
заврши својата девет годишна авантура мината во тимот од Мадрид, каде имаше
голем број успеси.
Според
информациите пак кои сега ги пренесе радио станицата Кадења Сер, се вели дека
уругвајскиот дефанзивец ќе потпише две годишен договор со Нероаѕурите со опција
и за дополнително уште една година, со 5.5 милиони евра вкупна заработка.
За 32 годишниот
Годин имаше голем интерес од Манчестер јунајтед, како и Јувентус, а јасна е
политиката на Атлетико Мадрид, кој избегнува да понудува договор на фудбалери
кои веќе имаат над 30 години.