Евертон дојде до победа од 2-0 во пресметката пред своја публика со Борнмут во рамките
на 22 коло од англиската Премиерлига, а домаќините до победата стигнаа со два гола во второто полувреме.
Зума беше
фудбалерот кој погоди во 61. минута за почетно водство на Карамелите, а иако сите очекуваа со тој
резултат да се затвори мечот на Гудисон Парк, за потврда на трите исклучително важни бода за
тимот на Марко Силва се погрижи Клајверт-Луин со гол во самиот финиш од средбата.
Со овие три бода
Евертон (30) сега се наоѓа на 10 место на табелата во Премиерлигата, а Борнмут
со 27 бода на 12 место.
Од 17,30 часот се
игра дербито помеѓу Тотенхем и Манчестер јунајтед, а колото ќе се затвори со
утрешниот дуел помеѓу Манчестер Сити и Вулверхемптон.