140
Експрес пишува
дека Манчестер јунајтед веќе имал разговор со шефот на стручниот штаб на
Атлетико Мадрид, Диего Симеоне, околу можноста аргентинскиот фудбалски стратег
да седне на клупата на тимот од Олд Трафорд.
Се шпекулира дека
на Манчестер јунајтед му е сосема јасно дека Тотенхем во никој случај нема да
дозволи заминување на Маурисио Покетино, најмалку во ривал од Премиерлигата.
Иако Оле Гунар
Солскјер тргна фантастично на клупата на Манчестер јунајтед, предводејќи ја таа
екипа во пет победи во низа од неговото преземање на кормилото, извесно е дека
Норвежанецот ќе биде само привремено решение за до крајот на сезоната.