66
Интересна конверзација
на социјалните мрежи имаа поранешните соиграчи од Манчестер јунајтед, Немања
Матиќ, кој се уште е дел од таа екипа, како и Златан Ибрахимовиќ.
По кратката „преписка“
за тоа кој е поголем „сељак“, откако Ибрахимовиќ објави видео како пее песна од
Халид Бешлиќ, на крајот српскиот интернационалец имаше интересна понуда до
Швеѓанецот со балканско потекло.
„Ајде
дојди, стигна ајвар направен во Македонија“ му порача Матиќ на Ибрахимовиќ.