Муриљо открива: Преселбата во Барселона започна со една шега…

by
1 минути читање

Џејсон Муриљо ги
засили редовите на Барселона, и тоа како позајмен фудбалер, а самиот твој
открива дека сето тоа започнало по една шега со неговиот агент од кого побарал
да го пресели во редовите на Каталонците.

Колумбиецот се
приклучи на Барселона на позајмица од Валенсија минатиот месец, а договорот е
тој да остане со таков статус на Камп Ноу до крајот на актуелната сезона, како
замена за повредениот Самуел Умтити кој се рехабилитира од повреда.

Дознав за
повредата на Умтити, и при една шега му порачав на мојот агент
Што мислиш за тоа да ме однесеш во Барселона?. Тоа беше шега, ништо повеќе од тоа. По
20 денови, мојот агент ми се јави и ми рече дека постои можност да се преселам
во редовите на Барселона
“ откри Муриљо.

Бев шокиран,
секогаш сонував да играм за Барселона
“ заклучи Муриљо.

26 годишниот Муриљо
би можел да остане и подолг период на Камп Ноу, но, се
зависи од Барселона која има опција целосно да го
откупи неговиот договор со Валенсија кој истекува во 2022. година.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×