Атлетико Мадрид тргна по Мората, а напаѓачот нема ништо против да го облече дресот на Јорганџиите

by
1 минути читање

Кадења Копе
пишува дека Атлетико Мадрид тргнал доста сериозно во обидот да се засили со
напаѓачот на Челси, Алваро Мората.

Истиот медиум
пишува дека спортскиот директор на шпанскиот прволигаш, Андреа Берта од вчера
се наоѓа во Лондон и работи на тоа да ги финализира деталите од договорот за
потенцијалниот трансфер на Шпанецот во Атлетико Мадрид.

Истовремено се
шпекулира дека денес, агентот на напаѓачот, Хуанма Лопез , кој инаку е поранешен
фудбалер на Атлетико Мадрид, отпатувал во Лондон за да разговара со челниците
на Челси.

Претходно
наведениот медиум додава дека Атлетико Мадрид се обидува да го добие Мората на
позајмица со опција и целосно да го откупи неговиот договор, наводно Мората има
нескриена желба да се пресели во Мадрид.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×