ВАР повторно ја разбранува англиската јавност, беше или не во офсајд Хари Кејн? (ФОТО)

by
2 минути читање

ВАР минатата
сезона имаше неколку полемични одлуки во куповите каде клубовите
од Англија ја тестираа употребата на видео технологијата.

Нова
контроверзија беше креирана вечерва во првиот меч од полуфиналето во Лига купот
помеѓу Тотнем и Челси. „Спарси“ стигнаа до минимална победа од 1-0 со помош на
ВАР.

На средината од
првиот дел, Кејн се најде осамен пред Кепа, помошник судијата го крена
знаменцето, но напаѓачот продолжи со играта и беше соборен од голманот на
Челси. Целата ситуација беше прегледана со ВАР, видео технологијата одлучи дека
голгетерот е во чиста ситуација, па беше преиначена одлуката на помошникот и
Оливер покажа на белата точка.

Но англиската
јавност е поделена околу тоа дали Хари Кејн беше во офсајд или не. Многумина
сметаат дека напаѓачот не бил во линија со дефанзивците на Челси, односно дел
од неговото тело (колено, рамо, глава) е во офсајд.

На социјалните
мрежи се води голема дебата, исто како и кај стручните коментатори кои го
анализираа мечот за големите ТВ куќи. Погледнете ги фотографиите и проценете
сами.


Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани