Монументал „гореше“, Ривер ја прослави титулата во Копа Либертадорес (ФОТО и ВИДЕО)

by
4 минути читање

Монументал не го дочека реваншот помеѓу Ривер и Бока во финалето на Копа Либертадорес, но
затоа синоќа стадионот „гореше“ за прославата на титулата.

И покрај тоа што
Ривер потфрли на Светското клупско првенство и неочекувано загуби од Ал Аин во
полуфиналето, „милионерите“ синоќа направија спектакуларна прослава.

Вратите на
стадионот беа отворени уште во 15:30 по локално време, и за кратко време беше 60.000 фанови го
исполнеја до последно место. Делегацијата на Ривер пристигна на Монументал со доцнење од час
иполовина откако автобусот со кој патуваа од аеродромот неколку пати мораше да
застане бидејќи крај патот имаше илјадиници фанови.

На Монументал тие
се претоварија во отворен автобус и парадираа на атлетската патека со трофејот.
Потоа почна прославата, во која беше повторен и третиот гол на Мартинез со кој
Ривер ја потврди победата над Бока на Сантијаго Бернабеу во Мадрид.
Пиротехниката и огнометот беа неизбежен дел за незаборавно славје до раните
утрински часови.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани