Во недела со почеток од 20:30 на Сантијаго Бернабеу ќе се одигра реваншот од финалето на Копа Либертадорес меѓу Ривер Плејт и Бока Јуниорс.
До оваа ситуација дојде откако навивачите на Ривер го нападнаа автобусот со фудбалери на Бока по што тогаш мечот беше одложен, па беше одлучено средбата да се игра надвор од Аргентина.
„Ова е чудно финале. Да играте меч меѓу Бока и Ривер во Мадрид е чудно. Но како фудбалер важно е да останете фокусирани на мечот“, вели напаѓачот на Бока, Карлос Тевез.
Запрашан дали шансите на Ривер сега се помали бидејќи тие нема да играат на својот терен, Тевез одговори: „Не мислам така. Ривер има многу повеќе притисок кога игра дома, сега шансите се 50-50. Да играте дома, понекогаш не ви оди во прилог кога се работи за финале од Копа Либертадорес“.
Првиот натпревар меѓу Бока и Ривер заврши 2-2.