Ривер си „легна на брашното“, ќе го игра натпреварот против Бока на Бернабеу

by
1 минути читање

По инцидентите кои се случија пред почетокот на мечот меѓу Ривер Плејт и Бока Јуниорс, во неизвесност беше доведено одигрувањето на реванш финалниот натпревар.

Бока Јуниорс бараше службена победа, а Ривер Плејт не сакаше да игра надвор до својот стадион.

Конмебол донесе одлука реванш финалниот меч од Копа Либертадорес на кој требаше да биде домаќин Ривер, да се игра во Мадрид на „Сантијаго Бернабеу“.

Ривер ја одбиваше одлуката во прв момент, но денеска на својата страна објавија дека утре нивната експедиција ќе патува во Мадрид каде на 9. декември ќе се соочи со Бока.

Првиот натпревар на кој беше домаќин Бока Јуниорс заврши нерешено 2-2.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани